Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2017

Клоп: Изгубивме, но и не изгубивме – освоивме бод

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека нема конкретен одговор зошто неговиот тим ја испуштил предноста од три гола во Севилја.

„Црвените“ за половина час поведоа со 3-0 на „Рамон Санчес Писхуан“, беа на чекор од осминафиналето на Лигата на шампионите, но се посрамотија во второто полувреме.
Севилја во рок од девет минути го намали резултатот на 3-2 со погодоците на Висам бен Једер, а во 90-тата Гвидо Пизаро со голот ги шокира Англичаните.
„Првото одлично, не толку добро второто полувреме. Престанавме да играме фудбал во вторите 45 минути. Во првото бевме полни самодоверба, а потоа често доцневме, целата формација. Вистински проблем беше тоа што престанавме да играме. Мораме да го завршиме натпреварот навреме. Станавме пасивни, премногу се повлековме. Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод“, изјави Клоп.
На едно коло пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите, Ливерпул и понатаму е лидер на групата Е со девет бода, со еден повеќе од Севилја, а со два од Спартак. Во последното коло клубот од Москва ќе гостува на „Енфилд роуд“, додека Севилја ќе оди во Марибор.
„Црвените“ во меѓувреме ќе го дочекаат Челзи во дерби-натпреварот од 13-тото коло на Премиер лигата наредната сабота.

Најнови вести