Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2017

На полувремето во Севилја: Тренерот откри дека е болен

Екипата на Севилја на спектакуларен начин избегна пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите со голот во последните моменти од средбата.

Андалузијците само по половина час игра, губеа со 3-0 од гостите во Англија, но Гвидо Пизаро во третата минута од судиското продолжение успеа да го комплетира одличното второ полувреме на неговиот тим за делириум на преполниот „Рамос Санчес Писхуан“.
Она што Севилја ја покрена на полувремето нема никаква врска со фудбалот, и е поважно од каков било натпревар, бидејќи тренерот Едуардо Беризо на паузата на неговите играчи им соопштил дека има рак на простата.
Пизаро веднаш по постигнатиот гол, отрча на клупата во прегратка на неговиот тренер, што не е ништо чудно, тоа го направија и неговите соиграчи, а целата приказна на крајот доби тотално друго значење.
Се очекува челниците на клубот во текот на денешниот ден да излезат со официјални информации, додека Гилјем Балаге, еден од најдобрите шпански новинари, му испратил поддршка на Беризо.
„Едуардо Беризо, тренерот на Севилја, боледува од рак на простата. Неговиот најголем натпревар почнува сега“ напишал Гилјем на неговиот профил на „Твитер“.
За среќа, лошата болест е откриена во рана фаза и, според првите прогнози, се очекува Едуардо целосно да закрепне.
„Тој е најважен, поважен од сите нас. На вистинскиот пат е и ние сме со него до самиот крајот“, изјави Евер Банега, капитенот на домашниот тим.
Севилја ако победи во последната рунда на гостувањето во Марибор, ќе игра во нокаут-фазата на елитното натпреварување.

Најнови вести