Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2017

Реал 6-0, Ливерпул прокоцка предност од 3-0 и пласманот во осминафиналето!

Дваесет и четири гола на шест натпревари, рапсодија на Реал Мадрид, Ливерпул катастрофален, Наполи се врати во живот, тоа беа настаните што ја обележаа вчерашната вечер во Лигата на шампионите.

Во групата Е, Ливерпул водеше со 3-0 во Андалузија, но за половина час успеа сè да упропасти и да го прокоцка сигурниот пласман во осминафиналето.
Севилја во продолжението на времето избори 3-3 и ја искомплицира ситуацијата во групата во која три тима делат три бода на едно коло пред крајот. Спартак сега уште повеќе жали поради ремито со Марибор (1-1).
Во групата Ф, Наполи во второто полувреме го сруши Шахтар со евроголот на Лоренцо Инсиње и на крајот со победата од 3-0 остана во игра за нокаут-фазата. Има три бода помалку од Украинците на едно коло пред крајот.
Во другиот натпревар од оваа група, Манчестер сити на една минута пред крајот стигна до минимален резултат против Феенорд за петта победа оваа сезона во елитното натпреварување.
Во групата Г, Жемерсон го нагрди Монако, кој беше поразен од Лајпциг со 4-1 на негов терен и дефинитивно се збогува од понатамошниот дел од натпреварувањето. „Биковите“ го искористија ремито меѓу Бешикташ и Порто (1-1) и се изедначија со „змејовите“ пред последната рунда.
Во групата Х, Реал со 6-0 го декласираше АПОЕЛ со по два гола на Кристијано Роналдо и Карим Бензема во Никозија за заверка на пласманот во наредната фаза.
Во другиот натпревар од групата, Деле Али со две асистенции во второто полувреме го режираше пресвртот на Тотенхем против Борусија на 2-1 во Дортмунд за нова агонија на „милионерите“.

Најнови вести