Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2017

Мурињо смирен: Не ги обвинувам играчите

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е задоволен и покрај поразот во Базел во петтото коло на Лигата на шампионите.

Јунајтед беше поразен со голот на Ланг во 89-тата минута.
„Првото полувреме беше совршено без голови. Тешко беше да се повтори тоа во продолжението, знаевме дека домаќините ќе реагираат. Мислам дека излегувањето на Погба имаше влијание на тимот, не бевме толку добри кога излезе. Внесов искусни играчи коишто не успеаја да го променат текот на натпреварот“, изјави Португалецот.
„Не ги обвинувам играчите. Мислам дека би добиле девет од десет вакви натпревари. Овде и со Челзи бев поразен во последната минута. Тогаш бевме лоши, но сега беше поинаку. Игравме против екипа која се брани со петмина, не им дадовме гол, знаевме дека и бод ни беше доволен. Секоја чест за нив, сега имаат шанса за пласман“, додаде Мурињо.
Манчестер јунајтед и понатаму е прв во групата А со 12 освоени бода, а Базел и ЦСКА имаат по девет.

Најнови вести