Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2017

Македонија со нов напредок на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно се искачи на најновото издание на ранг-листата на ФИФА.

Македонската селекција направи скок од девет позиции и сега се наоѓа на 76-тото место на најновата ранг-листа на ФИФА. Во изминатиот период, Македонија одигра еден пријателски натпревар против Норвешка, која ја совлада со 2-0. Со овој скок, нашите фудбалски репрезентативци се изедначија со нивниот најголем успех во рангирањето од август 2014 година, а имаат тенденција и за нов напредок во следниот период, со оглед на потенцијалот што го поседуваат.
Со победата над Норвешка, Македонија ја продолжи серијата на добри игри, а воедно овозможи скок пред селекциите на Либија, Иран, Узбекистан, Јужна Африка...
Светскиот шампион Германија останува на чело на ранг-листата на ФИФА, а по неа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и Шпанија. Полска имаше пад за едно место, од шестата позиција на седмата, а во најдобрите десет селекции се и Швајцарија, Франција и Чиле.

Најнови вести