25.11.2017 Меси како Роналдо: Четврта Златна копачка
На Лионел Меси, капитенот на Барселона, му е врачена четвртата Златна копачка, наградата за најдобар стрелец на европските лиги во минатата сезона.
Меси минатата сезона постигна 37 голови во шпанското првенство, втор беше Холанѓанецот Бас Дост, кој играјќи за Спортинг од Лисабон постигна три погодоци помалку.
Според тоа колку пати ја освоил наградата Златна копачка, Меси на првото место се изедначи со Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид.
Аргентинскиот репрезентативец претходно ја доби Златната копачкаво сезоната 2009/10, бидејќи постигна 34 гола, во сезоната 2011/12, кога постигна 50 погодоци, и во сезоната 2012/13 за 46 постигнати гола.
На Меси трофејот му го врачи соиграчот Луис Суарес, кој Златната копачка ја освои во сезоната 2015/16, кога постигна 40 голови.
На церемонијата присуствуваат и Андрес Иниеста и Серхио Бускетс, играчите на Барселона.
Во последните девет години, Златната копачка ја освојуваа Меси, Роналдо и Суарес.
Во последната деценија, Златната копачка ја има освоено играч кој не е од шпанското првенство само во сезоната 2013/14, кога Суарес играше за Ливерпул. Тој тогаш наградата ја подели со Роналдо.