Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2017

Буфон играч на годината: Сега е јасно зошто испаднавме

Џанлуиџи Буфон е прогласен за најдобар играч на Италија за мината сезона, поради што голманот на Јувентус се пошегува на сопствена сметка.

Во идеалниот тим на Серија А се наоѓаат: Буфон – Алвес, Бонучи, Кулибали, Сандро – Најнголан, Пјаниќ, Хамшик – Мертенс, Дибала, Игуаин.
Најдобар тренер е Маурицио Сари од Наполи, а тим на годината е Јувентус. Најдобра фудбалерка е Алија Џуџани од Фиорентина, а најдобар млад играч е Алесио Крањо, голманот на Калјари.
„Сега ми е јасно зошто испаднавме од Шведска. Ако јас сум најдобар, тогаш имаме проблем. Горд сум и среќен. Никогаш не сум сонувал дека ќе го освојам овој трофеј, го држам цврсто бидејќи никогаш нема да бидам најдобар млад играч“, изјави Буфон.
Италија за прв пат по 60 години нема да игра на Мундијалот, а во дебаклот против Шведска беа последните настапи на Буфон во дресот на „аѕурите“.

Најнови вести