Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2017

Де Роси е казнет поради тоа што го удри Лападула

Даниеле де Роси, капитенот на Рома е казнет. Тој е суспендиран на два натпревари поради тоа што го удри Џанлука Лападула во ремито со Џенова.

Де Роси при водство на неговиот тим со резултат 1-0, во 69-тата минута го удри во лице напаѓачот на Џенова и беше досуден пенал, а токму Лападула погоди од белата точка за конечен резултат 1-1.
Де Роси денес дозна дека поради неспортското однесување ќе мора да отсуствува на два натпревари, што значи дека ќе ги пропушти дуелите со СПАЛ и со Киево.
Рома е четврта на табелата со 31 освоен бод, три помалку од Јувентус, но „старата дама“ има и натпревар повеќе.

 

Најнови вести