Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2017

Лига на шампиони: Рома прва, Атлетико без осминафинале по осум години

Рома, Базел и Јувентус обезбедија пласман во нокаут-фазата на Лигата на шампионите по натпреварите од шестото, последно коло од групната фаза.

„Волчицата“ славеше со 1-0 (0-0) против Карабаг со голот на Диего Пероти и со тоа како прва од групата Ц се пласира во следната рунда.
Ваквиот расплет ѝ го овозможи Атлетико Мадрид со ремито со Челзи во Лондон. „Сините“ беа подобри од ривалот, имаа поквалитетни шанси, но целосно ги пресече водечкиот погодок на Саул Њигес во 59-тата минута, па сè што успеаја да направат до крајот беше голот на гостинскиот играч Стефан Савиќ за изедначување. Екипата на Диего Чола Симеоне нема да игра во нокаут-фазата точно по осум сезони, но натпреварувањето ќе го продолжи во Лигата на Европа. 
Од друга страна, швајцарскиот шампион ништо не ѝ препушти на случајноста во групата А. Рано поведе против Бенфика во Лисабон, а во средината на второто полувреме и го потврди пласманот. Стрелци за Базел беа Мохамед Елјунуси во петтата и Димитри Оберлен во 65-тата минута.
Базел му помогна и на Манчестер јунајтед, иако само се погрижи за неговата судбина, кој по пресвртот успеа да ја порази ЦСКА од Москва и ја отфрли можноста за каква било драма. „Армејците“ поведоа во последните секунди на првото полувреме, но потоа Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд за помалку до 90 секунди го поставија конечниот резултат на средбата.
Немања Матиќ не беше во составот на Јунајтед, што беше и очекувано пред големото градско дерби наредниот викенд во Премиер лигата.
Во групата Д, под опасност се наоѓаше шампионот на Италија, Јувентус, но „бланконерите“ со погодоците на Хуан Куардадо во 15-тата и на Федерик Бернандески во 90-тата минута лесно излегоа на крај со прежалениот Олимпијакос во Пиреја.
Јувентус со тоа ѝ се придружи на Барселона, која нејзината работа против Спортинг од Лисабон на домашен терен, исто така, рутински ја одработи со идентичен резултат.
Во групата Б немаше драма пред последното коло, бидејќи ПСЖ и Баерн од Минхен уште претходно го осигурија пласманот. „Баварците“ ја искористија шансата да им се реваншираат на Парижаните за поразот од првиот дел и победија на „Алијанц арената“ со 3-1 (2-0).
Блескаше двократниот стрелец Корентен Толисо, додека единствениот гол за гостите беше дело на Килијан Мбапе.
Андерлехт славеше на гостувањето кај Селтик во Глазгов, но минималниот триумф не беше доволен ниту за пласман во Лигата ан Европа.

Најнови вести