Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2017

УЕФА: Без договор, Милан може да биде отстранет

Европската фудбалска унија го отфрли предлогот на Милан за доброволен договор за финансиски фер плеј и на италијанскиот гигант ќе му одреди казна.

Како што пишуваат „Газета дело спорт“ и „Кориере дело спорт“, челниците на „росонерите“ го претставиле планот според којшто сметаат дека ќе имаат економска стабилност во наредните години, но во таквите тврдења не успеале да ги убедат луѓето од УЕФА.
Милан поради тоа го очекува најмалку парична казна или ограничување на трансферите, а во најлош случај и отстранување од Европа.
Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА, минатиот месец изјави дека е загрижен за состојбата во Милан и дека сите опции се отворени, мислејќи на санкции.
Тоа е дополнителен притисок за сопственикот на клубот, Кинезот Јонгхонг Лио, во моментот кога се шпекулира дека би можело да го наследи саудискиот милијардер Фаваз Алхокаир.

Најнови вести