Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Инцидент по дербито: Мурињо полиен, Артета расечен

Англиските медиуми пренесуваат дека по дербито на Манчестер на „Олд Трафорд“, се случил инцидент во соблекувалната во којшто учествувал и менаџерот Жозе Мурињо.

Наводно, играчите на Манчестер сити во нивната соблекувална прегласно ја прославувале победата, се слушала музика, па Мурињо се обидел да ги смири страстите и побарал да се испочитува неговата екипа.
Португалецот потоа влегол во судир со Едерсон, голманот на Сити, следувала жестока расправија на португалски јазик, а се вмешале и останатите играчи.
Ромелу Лукаку исто така бил учесник во инцидентот, во којшто Микел Артета, помошникот на Пеп Гвардиола, заработил исеченица на лицето, а Мурињо бил полиен со вода и со млеко.
„Скај спорт“ меѓу првите медиуми ја објави информацијата дека дошло до судир.

Најнови вести