Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Меси дојде до бројот 525 и до легендарниот Герд Милер

Лионел Меси, фудбалерот на Барселона, постигна погодок во победата на неговиот тим над Вилјареал и со тоа го изедначи рекордот според бројот на голови за еден тим во најсилните европски лиги кој досега го држеше Герд Милер постигнувајќи 525 погодоци за Баерн од Минхен.

Легендарниот германски фудбалер за „баварците“ играше од 1965 сè до 1979 година, додека Аргентинецот го носи дресот на Барселона цели 13 години. Во текот на тој период Меси одигра 606 натпревари за Блауграната.
Тоа не е прв пат Меси да собори рекорд на Герд Милер.
Претходно, во 2012 година по повеќе од 40 години ја прескокна пречката за бројот на голови постигнати во текот на една календарска година. Рекордот беше 81, а Меси тогаш постигна дури 91 погодок.
На вечната листа на најдобри стрелци во дресот на еден тим се наоѓа и Бразилецот Пеле, кој постигна 643 гола.
Пред Меси се уште 118 чекори.

Најнови вести