Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Кавај се враќа на теренот против Далас

Кавај Леонард, најдобриот играч на Сан Антонио спарс, ноќеска би требало да ги одигра неговите први минути во новата сезона на НБА, кога неговиот тим ќе гостува во Далас.

Леонард ги пропушти сите 27 натпревари на Сан Антонио од стартот на сезоната поради болест на квадрицепсот, која предизвикува болка и слабост во коленото.
Тој се повреди во првиот натпревар од финалето на Западната конференција во претходната сезона, по контактот со Заза Пачулија.
Без Леонард, кој во претходната сезона имаше просек од 25,5 поени, Сан Антонио има 19 победи и осум порази.

Најнови вести