Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Кутињо се договорил со Ливерпул, налето во Барселона

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Филипе Кутињо постигнал договор со Ливерпул наредното лето да го напушти клубот и да се пресели во Барселона, тврди „Мирор“.

Како што се наведува, Кутињо ѝ понудил на управата на клубот во јануари да не ги отвора повторно преговорите со Каталонците и дека максимално ќе ја одработи сезоната до крајот, но доколку добие ветување дека налето ќе го пуштат во Каталонија.
Таквата понуда на „Енфилд роуд“ била проценета како фер и Бразилецот ќе ја оствари големата желба да направи трансфер во Барселона, иако една година подоцна, а Ливерпул ќе инкасира повеќе од сто милиони евра.

Најнови вести