Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2017

Гремио го чека Реал Мадрид во финалето

Екипата на Гремио ја совлада Пачука по продолженијата (1-0) во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Клубот од Порто Алегре во финалето ќе игра со подобриот од средбата меѓу Реал Мадрид и Ал-Џазира, каде што екипата на Зинедин Зидан е изразит фаворит.
Гремио во 2017 година го освои третиот трофеј во Копа Либертадорес и поради тој триумф се најде на ова првенство.
Против претставникот на Мексико, екипата на Пачука, херој беше Евертон, кој во 95-тата минута го постигна одлучувачкиот гол.
Крилниот фудбалер со одличен удар го совлада Перес, кој немаше никакви шанси да го запре проектилот на Бразилецот.
За сè да биде уште полошо за Пачука, во 110-тата минута црвен картон доби Виктор Гузман.
Натпреварот меѓу Ал-Џазира и Реал Мадрид се игра денес, од 18 часот, додека големото финале е закажано за 16-ти декември, исто така во 18 часот.

Најнови вести