Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2017

Симеоне: Гриезман може да си оди

Францускиот фудбалер Антоан Гриезман ќе добие дозвола да го напушти Атлетико Мадрид ако добие добра понуда, изјави Диего Симеоне, тренерот на „јорганџиите“.

Гриезман оваа сезона остана во клубот бидејќи Атлетико доби забрана за трансфери, и покрај заинтересираноста на Манчестер јунајтед.
Но, аргентинскиот стручњак сега изјави дека 26-годишниот фудбалер може да ја промени средината.
„Секако, Гриезман ќе си замине во некој момент, исто како што добија дозвола и Диего Коста и Арда Туран. Многу ги сакам своите играчи, сакам да гледам како растат, но не сум неблагодарен. Ако играчот дојде и ми рече: ’Тренеру, имам шанса која се добива еднаш во животот да играм за одреден тим, сакам да одам’. Ако направил сè што можел, како што тоа е случај со Гриезман, ќе му речам дека нема проблем. Знам дека мора да напредува“, изјави Симеоне.
Покрај Јунајтед, и Барселона покажа интерес за Гриезман, посебно по трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Најнови вести