Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2017

Продолжува доминацијата на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја одбрани титулата Светски клупски шампион откако во финалето го победи Гремио со 1-0.

Единствениот гол за „кралевите“ го постигна Кристијано Роналдо во 52-тата минута откако по слободен удар со „жабица“ го совлада голманот на Бразилците Марсело Грое.
Во 25-тата минута Реал Мадрид ја имаше првата изгледна шанса, но Лука Модриќ слабо биеше покрај десниот дирек.
Неколку минути подоцна и Гремио се закани преку Едилсон, но неговиот удар го одбрани Навас.
Реал ја имаше иницијативата и беше подобар во текот на целиот натпревар. Европскиот шампион имаше 20 удари кон голот на Гремио, го имаше поседот на топката, седум удари во рамките на голот, но единствениот гол беше постигнат од слободен удар по фаулот на Жаилсон.
Роналдо ја намести топката, шутираше ниско покрај левиот дирек, а голманот на Бразилците не успеа да го сопре неговиот удар.
Нешто подоцна се обиде и Бензема, упати удар под пречката, но Грое го одбрани неговиот шут. Шанса да заигра доби и Герет Бејл кој во 83-тата минута врза неколку дриблинзи, но голманот на Гремио уште еднаш добро реагираше.
Резултатот до крајот остана непроменет, а Реал по Ал Џазира триумфираше и во финалето и во Соединетите Арапски Емирати ја одбрани титулата Светски клупски првак.
Во мечот за третото место Пачука со 4-1 славеше над Ал Џазира.

Најнови вести