Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2017

Гатузо: Не знам зошто играат вака

Џенаро Гатузо, тренерот на Милан, ги критикуваше неговите играчи по поразот од Верона.

Фудбалерите на Верона го победија Милан на „Бентегоди“ со 3-0 во натпреварот од 17-тото коло на италијанската Серија А.
„Екипата 25 минути играше добро,создаваше шанси, а потоа прими гол од нивната прва шанса. Мислам дека вториот погодок направи вистинска драма, тогаш се изгубивме“, изјави Гатузо по големиот пораз од Верона.
„До првиот гол игравме добро, но како што често ни се случува – кај првиот проблем се изгубивме. Беше срамно, но мораме понатаму. Би било поедноставно да се каже дека нè мачат проблеми надвор од теренот, но играчите навреме примаат плата, нема проблеми во соблекувалната. Играме добро, подготвени сме за гол, а потоа при првата тешкотија не реагираме, а и ако реагираме, тоа ќе биде хаотично и без ни малку организација. Мораме да видиме зошто се случува тоа, воопшто не ми се допаѓа“, додаде тренерот на Милан.

Најнови вести