Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2017

Мурињо: Одиме до крај

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговиот тим нема да се предаде до крајот на сезоната, и покрај тоа што заостанува во однос на водечкиот Манчестер сити.

Избраниците на Мурињо во неделата извојуваа тешка победа на гостувањето кај Вест Бромич со резултат 2-1, па и понатаму имаат 11 бодови помалку од градскиот ривал.
„На секој натпревар се обидуваме да победиме. Знам дека секогаш ме чекаат истите прашања, а јас упорно го повторувам истото. До последниот натпревар во Премиер лигата, кога Ватфорд ќе гостува на „Олд Трафорд“ на средината на мај, дотогаш, одиме до крај“, изјави менаџерот на Јунајтед.
Португалскиот стручњак пред неколку дена изјави дека би бил на одмор ако верува дека „црвените ѓаволи“ немаат веќе шанси да го стигнат Сити. И сега го повтори тоа во изјавата и додаде дека неговите играчи мора да продолжат да собираат победи и да чекаат кикс на Сити.
„Не сакаме да одиме на одмор. Сакаме да играме до последниот натпревар“, додаде Жозе Мурињо.
Наредниот натпревар фудбалерите на Јунајтед го играат во среда, кога ќе гостуваат кај Бристол сити во четврт-финалето на Лига купот. „Црвените ѓаволи“ три дена подоцна ќе играат во гости кај Лестер во следното коло на Премиер лигата.

Најнови вести