Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2017

Суарес: Ел Класико не е одлучувачки натпревар

Луис Суарес, фудбалерот на Барселона, изјави дека претстојниот натпревар против Реал Мадрид нема да биде одлучувачки во трката за титулата во Примера лигата.

„Победата на ’Сантијаго Бернабеу’ би била голем поттик за нас, но тој натпревар нема да биде одлучувачки“, изјави Суарес за шпанските медиуми.
Фудбалерите на Барселона во сабота ќе гостуваат кај Реал Мадрид во натпреварот од 17-тото коло на шпанската Примера лига.
Клубот од „Камп ноу“ натпреварот во Ел Класико ќе го дочека на првото место на табелата со 42 освоени бода, додека Реал е четврти со 11 бодови помалку, но и со натпревар помалку.
Суарес додаде дека трката за титулата не ја водат само Барселона и Реал.
„Во оваа сезона има повеќе конкуренти за титулата. Валенсија и Атлетико Мадрид добро играат, така што трката за титулата ќе биде возбудлива“, изјави Уругваецот.

Најнови вести