Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2017

Давид Луиз во Барселона, можеби таму и ќе остане

Давид Луиз, одбранбениот играч на Челзи, се препорача себеси како нов играч на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.

Репрезентативецот на Бразил од здравствени причини са наоѓа во најголемиот град на Каталонија, а несогласувањата со Антонио Конте, менаџерот на Челзи, и заминувањето на Хавиер Маскерано, дефанзивниот играч на Барселона, во Кина се клучни причини за трансферот.
Давид Луиз се врати во Челзи од ПСЖ на 31-ви август минатата година, ја освои шампионската титула на Англија, но во текот на оваа есен одигра само осум натпревари во Премиер лигата, од кои последниот беше против Борнмут на 28-ми октомври.
На триесетгодишниот стопер договорот со Челзи му истекува во 2019 година, но би можело по втор пат да ги напушти „сините“ доколку Барселона се одлучи на таков чекор.

Најнови вести