Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2017

Маскерано во јануари се сели во Кина

По седум сезони поминати на „Камп ноу“, Аргентинецот Хавиер Маскерано ќе ја напушти Барселона во јануари следната година.

Дефанзивниот играч за врска, кој во Блауграната стана стопер, ќе направи трансфер во кинескиот Хебеј за десет милиони евра.
Каталонците сигурно се презадоволни бидејќи по седум години откако го купија за 20 милиони, ќе  добијат половина од таа сума за истрошениот 33-годишен играч оптоварен со повреди.
Задоволен ќе биде и Аргентинецот бидејќи договорил двегодишна соработка вредна 19 милиони евра.
Барса го доведе Маскерано од Ливерпул по сугестија на Лионел Меси, а тој во меѓувреме стана еден од најклучните и најблагодарни играчи во тимот.
Тој постигна само еден гол за Барселона, во април минатата година, кога Иван Ракитиќ му го препушти изведувањето пенали против Осасуна.
Маскерано кариерата ја почна во Ривер плате, а играше уште за Коринтијанс и Вест хем.
Одигра 141 натпревар и даде три гола за Аргентина.

 

Најнови вести