Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Мурињо со Азар поставува нов рекорд

Манчестер јунајтед се вклучи во трката со Реал Мадрид и со ПСЖ за доведување на Еден Азар, ѕвездата на Челзи, пренесуваат англиските таблоиди.

Белгиецот наводно ја одбил понудата на „сините“ да го продолжи договорот на уште четири сезони за 300.000 фунти (340.000 евра) седмично.
Како што пренесуваат таблоидите, Жозе Мурињо е подготвен да направи нов рекорд на англиските трансфери со 90 минути фунти (101 милион евра).
Повеќе седмици се шпекулира дека Азар е приоритет на Зинедин Зидан во плановите за летните трансфери на Реал наредната година, а кога се во прашање најдобрите играчи на светот, во игра секогаш е и ПСЖ.
Азар во Челзи стигна во 2012 година од францускиот Лил за 32 милиони фунти, а на „Стемфорд бриџ“ посебно се истакна токму под водство на Мурињо, во шампионската сезона 2014/15.
Белгиецот има 26 години, а оваа сезона постигна осум гола и имаше седум асистенции на 23 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Челзи.
Мурињо минатото лето плати 75 милиони фунти (со бонуси коишто можат трансферот да го зголемат на 90 милиони) за Ромелу Лукаку, напаѓачот на Евертон, додека во 2016 година го постави британскиот рекорд со тоа што на Јувентус му плати 89 милиони за Пол Погба.
Манчестер јунајтед денес игра во Лига купот. Мурињо не се откажува од ниту еден натпревар, па „црвените ѓаволи“ на дуелот од Лига купот со Бристол сити ќе одат на победа.

Најнови вести