Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Рамос: Мораме да победиме во Ел Класико

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, пред дербито со Барселона изјави дека ова е натпревар во којшто мора да победи неговата екипа.

„Ова е најважниот натпревар на светот, поголем од кој било друг, се наоѓаме во ситуација во која мораме да победиме за да останеме во трка за титулата во Ла Лига“, изјави Серхио Рамос.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во сабота, од 13 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона, меѓу двата најголеми шпански клуба, секоја година се игра во сè побизарен термин, што и сега е случај.
Сè е поради тоа што спонзорите секоја година сè повеќе ги мешаат прстите во професионалниот фудбал, обидувајќи се да отворат нови пазари коишто ќе им донесат дополнителен профит.
Најголемите европски клубови, но и лигите, почнаа да им посветуваат внимание на многуте навивачи низ Азија, Австралија и Америка, поради што интересни промени го погодуваат и Ел Класико, најголемиот фудбалски натпревар на денешницата.
По 17 одиграни кола, Барселона е првопласирана со 42 бода, додека Реал е четврти со 11 помалку, но и заостанува со еден натпревар.

Најнови вести