Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

ФИФА ја намали казната: Перу со Гереро ќе игра на СП

Паоло Гереро, капитенот на репрезентацијата на Перу, сепак ќе игра на Светското првенство во Русија бидејќи ФИФА му ја намали суспензијата поради допинг на шест месеци.

Светската фудбалска федерација на осми декември на Гереро му изрече едногодишна суспензија откако беше позитивен на кокаин на тестирањето за допинг, но таа казна ја преполови.
„Комисијата за жалби на ФИФА, земајќи ги предвид околностите на случајот, вклучувајќи го и степенот на вина на играчот, заклучи дека суспензијата од шест месеци е разумна казна“, наведе ФИФА.
Гереро падна на тестот за допинг по натпреварот со Аргентина на петти октомври.
Нему суспензијата почна да му важи од трети ноември, а повторно ќе може да игра фудбал од четврти мај наредната година.
Гереро беше најдобар стрелец на Перу во квалификациите за Светското првенство со шест гола.
Фудбалската репрезентација на Перу на Светското првенство ќе игра во групата со Франција, Данска и Австралија.

Најнови вести