Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

Шок: Второлигашот го исфрли Манчестер јунајтед, лудница во Лондон

Фудбалерите на Манчестер јунајтед не успеаја да се пласираат во полуфиналето на Купот бидејќи изгубија со 2-1 од Бристол сити.

„Црвените ѓаволи“ беа поразени од второлигашот Бристол, кој до победата дојде во продолжението на времето.
Златан Ибрахимовиќ ја понесе капитенската лента и уште во 12-тата минута имаше шанса да погоди за водство, но ја погоди стативата, а непрецизен беше Маркус Рашфорд.
И Бристол имаше неколку шанси во првиот дел, а на почетокот на вториот поведе со погодокот на Брајан. Ибрахимовиќ изедначи во 58-мата минута, и тоа со феноменалниот погодок од слободен удар од повеќе од 20 метри.
На самиот крај на натпреварот, шок за „црвените ѓаволи“ приреди Смит, кој во последната минута постигна гол за голема победа на второлигашкиот клуб и со тоа на Мурињо му ја одзеде шансата за освојување на овој трофеј.
Возбудливо беше во Лондон, каде што фудбалерите на Чезли со победата од 2-1 над Борнмут се пласираа во полуфиналето на Лига купот. Вилијан уште во 13-тата минута погоди за водство на „сините“, а гостите изедначија во 90-тата минута со голот на Гослинг.
Само една минута подоцна, Алваро Мората беше прецизен за победа на Челзи. Еден ден претходно пласман во полуфиналето обезбедија Манчестер сити и Арсенал.

Најнови вести