Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

Свонси го отпушти Пол Клемент

Премиерлигашот Свонси го отпушти тренерот Пол Клемент по серијата лоши резултати.

Свонси во последните десет натпревари оствари само една победа и е последен на табелата на Премиер лигата само со 12 освоени бода.
Клемент на клупата на Свонси седна во јануари оваа година и клубот го одведе до 15-тото место и до опстанок во Премиер лигата.
Хју Џенкинс, претседателот на Свонси, изјави дека смената на тренерот е последната работа која сакала да ја направи управата на клубот, но додаде дека е потребна промена.
Покрај Клемент, клубот го напуштија и неговите помошници, Најџел Гибс и Карл Халаби.
Пол Клемент претходно работеше како помошник на Карло Анчелоти во Челзи, ПСЖ,  Реал Мадрид и во Баерн од Минхен, а самостојно го водеше само Дерби каунти.

Најнови вести