Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

Вагнер по 10 години го напушти Хофенхајм и се врати во Баерн

Германскиот фудбалски репрезентативец Сандро Вагнер ќе го напушти Хофенхајм и до први јануари ќе потпише две и полгодишен договор со Баерн Минхен, потврди шампионот на Германија.

Овој триесетгодишен напаѓач по десет години се враќа во редовите на „баварците“, каде што своевремено ги помина сите млади селекции, во трансфер вреден 13 милиони евра. Тој уште во 2007 година дебитираше за првиот тим на Баерн, но одигра само осум натпревари пред следното лето да направи трансфер во Дуизбург.
За репрезентацијата на Германија дебитираше во јуни и уште на вториот официјален дуел, против Сан Марино, даде хет-трик. Вкупно постигна пет погодоци на седум средби. Во дресот на Германија го освои Купот на конфедерациите.

Најнови вести