Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

Роналдо неизвесен за дербито со Барселона

Како што наведоа шпанските медиуми, португалската ѕвезда има проблеми со мускулите уште од Светското клупско првенство кое неодамна се одржа во Абу Даби.

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид го пропушти вчерашниот тренинг и во прашање е неговото учество во натпреварот со Барселона.
Како што наведоа шпанските медиуми, португалската ѕвезда има проблеми со мускулите уште од Светското клупско првенство кое неодамна се одржа во Абу Даби.
Реал соопшти дека Кристијано Роналдо тренира одвоено од екипата, но не даде повеќе детали.
Шпанските медиуми наведоа дека Кристијано Роналдо би требало прв пат од април да почне во нападот со Карим Бензема и Герет Бејл, но тоа сега е доведено во прашање.
Реал Мадрид и Барселона во сабота, од 13 часот ќе се сретнат во натпреварот од 17-тото коло на шпанското првенство.
Барселона води на табелата на Примера лигата со 42 бода, дури 11 повеќе од Реал, кој е на четвртото место, зад Атлетико Мадрид и Валенсија.

Најнови вести