Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2017

Санчес во јануари во Манчестер сити

Манчестер сити го означи Алексис Санчес, фудбалерот на Арсенал, како приоритет да направи договор во текот на зимскиот преоден рок, пишува „Скај спорт“.

Менаџерот Пеп Гвардиола, кој соработуваше со Чилеанецот во Барселона, го гледа како идеално засилување за неговиот тим и е подготвен да го почека крајот на сезоната, кога му истекува договорот, а сега да го договори трансферот.
Можно е Санчес да направи трансфер меѓу „граѓаните“ и во текот на јануари, но се прашува и Арсенал, кој не беше расположен летоска да го пушти на „Етихад“.
Санчес е во добри односи со Гвардиола и тоа е еден од адутите на Сити во трката за негов потпис покрај Баерн Минхен, ПСЖ и Челзи.
Доаѓањето на Санчес во Сити не би значело заминување на Серхио Агуеро, конкуренцијата би била пресилна за и онака големиот квалитетен состав кој оствари 17 победи и само едно реми оваа сезона во Премиер лигата.

Најнови вести