Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2017

Роналдо тренираше сам пред Ел Класико

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид, вчера тренираше сам и без топка, со што отвори неколку прашања за неговата спремност пред дербито со Барселона.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Португалецот почувствувал болки во листот по финалето на Светското клупско првенство против Гремио.
На тој натпревар 32-годишниот Роналдо од слободен удар го даде единствениот гол и ѝ го обезбеди трофејот на неговата екипа.
На почетокот на оваа седмица се очекуваше дека Роналдо би можело да го почне натпреварот против Барселона заедно со Карим Бензема и Герет Бејл. Тоа ќе беше прв пат од април овие тројца играчи заедно да заиграат во нападот на Реал.
Новонастанатата ситуација би можела да го промени планот на Кралскиот клуб, кој во Ел Класико во 17-тото коло ќе игра утре, од 13 часот.

Најнови вести