Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2017

Беризо доби отказ од Севилја

Севилја го отпушти тренерот Едуардо Беризо, кој предизвика внимание кај јавноста по натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Севилја губеше со 3-0 до полувремето, а во продолжението на теренот излезе некоја целосно друга екипа и сите се прашуваа што им кажал тренерот на неговите играчи.
Тогаш се дозна дека Беризо им открил дека има рак на простатата, а Андалузијците потоа дадоа три гола и освоија бод.
Тоа беше една од светлите точки во текот на сезоната во која Севилја изгуби на седум од девет гостувања, последниот пораз го имаше од Реал Сосиедад во средата со 3-1.
Неколку дена пред тоа, тимот на Бреризо одигра 0-0 со Леванте, а на почетокот на месецот изгуби од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 5-0. По Леванте тимот беше исвиркан, а Беризо по Сосиедад си го потпиша отказот.
Додека „Кадена копа“ го навести ваквиот исход, „Марка“ остави резерва дека отказот на Беризо ќе му биде врачен сега.
„Бордот на директорите одлучи вака поради лошите резултати. Му се заблагодаруваме на Беризо за професионализмот и за посветеноста која ја покажа на работата и за добриот третман што го имаа сите откако дојде“, пишува во соопштението.

Најнови вести