Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2017

Клоп: „Бод против Арсенал, веројатно е добра работа“

Ливерпул во возбудлив натпревар одигра нерешено 3-3 против Арсенал, иако на почетокот на второто полувреме водеше и со 2-0.

Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“, изјави дека е свесен дека неговата екипа ја пропуштила шансата да го однесе целиот плен.
„Морате да бидете бесни на себе, не тажни или несигурни. Се вративме во натпреварот и го постигнавме третиот гол. Бод е минимум што заслужуваме. Поради силниот интензитет на натпреварот, тешко беше да се создаваат шанси. Кога ќе освоите бод против Арсенал, тоа би требало да биде добра работа, но по ова, дајте ми пет минути да размислам... “, изјави менаџерот на Ливерпул.
„Три гола во гости кај Арсенал, тоа би требало да биде доволно. Во поголемиот дел од натпреварот се браневме добро. Не им го препуштавме лесно просторот“, додаде Клоп.

Најнови вести