Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2017

Сити без најдобриот во Њукасл

Нов удар за Пеп Гвардиола. Фудбалерите на Манчестер сити ја продолжуваат потерата по рекордот во најрано освоена титула, но во Њукасл ќе бидат без најдобриот играч.

Локалниот весник „Манчестер ивнинг“ денес потврди дека Кевин де Бројне бил болен претходните денови, дека загубил два до три килограми и дека му е неопходен одмор.
„Кевин беше болен. Два дена пред натпреварот со Борнмут се бореше со температура. Изгуби два, три килограма и одработи само еден тренинг, но сепак сакаше да биде стартер и да ни помогне 60,65 минути“, изјави Пеп.
Тоа значи дека во редот за врска покрај Давид Силва би можело да игра Илкај Гундоган. Натпреварот на програмата е утре, од 20.45 часот.

Најнови вести