Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2017

Фелаини кариерата ја продолжува во Кина

Маруан Фелаини, играчот за врска на Манчестер јунајтед, во јануари ќе го напушти „Олд Трафорд“, шест месеци пред истекувањето на договорот“, пишува британскиот „Експрес“.

Високиот Белгиец одби да ја продолжи соработката со Јунајтед и ќе тргне во потрага по нова средина, а веќе има сериозна понуда од Кина.
Фелаини е незадоволен од минутажата кај менаџерот Жозе Мурињо, предност кај Португалецот имаат Немања Матиќ, Пол Погба и Андер Ерера, поради што сака да оди во друг клуб.
Фелаини игра петта сезона во Манчестер јунајтед, а претходно го носеше дресот на Евертон и на Стандард од Лиеж.

Најнови вести