27.12.2017 ПСЖ со ГПС ги следи играчите да не се здебелат
Челниците на ПСЖ не сакаат да си дозволат пад во формата на нивниот тим во текот на десетдневната пауза во шампионатот, па се одлучиле да спроведат необични мерки.
Како што пренесуваат француските медиуми, ПСЖ ќе ги следи играчите со ГПС за да ги спречи во текот на новогодишните празници да добијат несакани килограми.
Уредот ќе ги следи играчите колку калории ќе консумираат во текот на денот и нивната физичка активност во текот на одморот.
„Светците“ повторно ќе се соберат на втори јануари, а првиот натпревар во 2018 година ги чека на седми против Реал Мадрид.
Екипата која ја предводат Нејмар да Силва, Килијан Мбапе, Единсон Кавани, Анхел ди Марија, Хавиер Пасторе е повеќе од доминантна оваа сезона.
Таа е убедливо прва во Лига 1, а ги елиминира и конкурентите во групната фаза на Лигата на шампионите.