Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2017

Реал Мадрид: Зидан сигурен, но не и Бензема

Цената на лошите резултати на Реал Мадрид во оваа сезона ќе мора некој да ја плати. Сигурно тоа нема да биде тренерот Зинедин Зидан, кој во клубот има голем кредибилитет, пишува „Марка“.

Французинот покрај тоа што беше легендарен фудбалер на кралскиот клуб, за многу кратко време се докажа и како тренер, освојувајќи ги за две сезони два пати Лигата на шампионите и првенството на Шпанија. 
Но, оваа сезона сите напаѓачи на Реал се очајни. Посебно е критикуван Карим Бензема, кој на 12 натпревари во Примера лигата оваа сезона постигна само два гола.
Навивачите не можат на нивниот клуб да му го простат поразот од Барселона во Ел Класико, поради што клубот од Мадрид сега заостанува дури 14 бода зад каталонскиот, така што титулата практично е изгубена, а францускиот напаѓач тогаш не ја искористи шансата да се докаже и да постигне гол, за што во клубот му забележаа.
Бензема поради сето ова најверојатно уште во јануари ќе се најде на листата на трансфери, а тука би можело да му се придружат и уште двајца соиграчи, Герет Бејл и Марсело.
Челниците на Реал се надеваат дека Бразилецот има само пад во формата, како и дека ќе се одмори за време на празниците и ќе се врати во форма, со што би се избегнал трансферот.

Најнови вести