Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2017

Бешикташ профитираше, Тосун во Евертон за 25 милиони евра

Тосун во Бешикташ направи трансфер во 2014 година од Газијантеп, додека претходно настапуваше за Ајнтрахт од Франкфурт, каде што ги помина младите селекции.

Турскиот фудбалски репрезентативец Џенк Тосун ќе го напушти Бешикташ и кариерата ќе ја продолжи во Евертон, а трансферот ќе чини 25 милиони евра,пренесува „Гардијан“.
Голгетерот кој има и германско државјанство оваа сезона постигна 13 погодоци, вклучувајќи ги и четирите во Лигата на шампионите, со што беше еден од најзаслужните за првиот историски пласман на турскиот клуб во осминафиналето.
Тосун во Бешикташ направи трансфер во 2014 година од Газијантеп, додека претходно настапуваше за Ајнтрахт од Франкфурт, каде што ги помина младите селекции.
За репрезентацијата на Турција одигра 24 натпревари и постигна осум гола.

 

Најнови вести