Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2017

Куртуа одбива нов договор со Челзи, сака во Реал

Белгискиот голман Тибо Куртуа бара од управата на Челзи да го пушти во Реал од Мадрид, пренесува шпанскиот „Ас“.

Куртуа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико, чиј дрес успешно го носеше од 2011 до 2014 година, туку во шампионот на Европа, каде што го чека резервирано местото прв голман, наместо Кејлор Навас.
Куртуа инсистира да направи трансфер во Реал бидејќи децата му растат во Мадрид и затоа го одолговлекува потпишувањето нов договор со Челзи.
Обврските кон „сините“ му истекуваат летото 2019 година, Челзи планира да го задржи, но 25-годишниот Белгиец е одлучен во намерата иднината да ја гради во Шпанија.
Куртуа шест години е член на Челзи, меѓу кои се и трите споменати на заем во Атлетико, а бранеше и за Генк.

Најнови вести