Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2018

Жесус месец до два надвор од теренот, Де Бројне имаше среќа

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, по натпреварот со Кристал палас (0-0) даде изјава за повредите коишто му се случија на неговиот тим во текот на дуелот.

Во 23-тата минута од средбата „граѓаните“ останаа без Габриел Жесус, кој го повреди коленото.
Повреда заработи и Кевин де Бројне по дуелот со Џејсон Панчон, играчот за врска на Кристал палас, па за Сити сега поголем проблем од ремито претставуваат повредите.
„Се повреди, но се надевам дека не се работи за сериозна повреда. Можеби ќе отсуствува од теренот месец до два“, изјави Гвардиола за повредата на Жесус.
За повредата на Кевин де Бројне сè уште не се познати деталите.
„Кевин имаше среќа. Велам имаше во минато време. Не знам тоа како ќе се одрази на иднината“, додаде менаџерот на „граѓаните“.
Манчестер сити е прв на табелата со 59 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Челзи.
Вечерва, од 21 часот, во натпреварот од следното коло Сити ќе го дочека Ватфорд.

Најнови вести