Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2018

Гвардиола: Не знам кога ќе се врати Силва

Пеп Гвардиола, тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, изјави дека Давид Силва некое време ќе биде надвор од теренот поради приватни работи.

Силва нема играно за Сити од победата против Борнмут пред Божиќ.
„Не знам“, изјави Гвардиола на прашањето кога ќе се врати во тимот 31-годишниот фудбалер.
„Ќе се врати кога ќе биде подготвен. Приватниот живот секогаш е многу поважен од која било ситуација. Значи, кога ќе се врати, тоа ќе биде затоа што е подготвен“, изјави Гвардиола за британските медиуми.
Фудбалерите на Манчестер сити вечерва ќе го дочекаат Ватфорд во натпреварот од 22-рото коло на Премиер лигата.

Најнови вести