Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Јувентус го праќа Пјаца во Шалке

Хрватскиот фудбалер Марко Пјаца ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во редовите на Шалке на заем до крајот на сезоната, објавија медиумите во Италија.

Јувентус на договорот со германскиот клуб ќе заработи милион евра и плус дополнителни 500 илјади од бонуси, а Шалке ќе ја преземе и целата плата на 22-годишниот играч.
Пјаца во Јувентус дојде минатото лето од Динамо Загреб во трансфер вреден 23 милиони евра. Но, во текот на есента не одигра ниту еден натпревар за „старата дама“ (забележа три настапи во Примавера), па заминувањето во друг клуб во којшто ќе добие минути е очекувана одлука.
Тој со Јувентус има договор до 2021 година и се очекува од налето да се врати во Торино.

Најнови вести