Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Панчон и Дан ја завршија сезоната поради Де Бројне

Како што соопшти Рој Хоџсон, менаџерот на Кристал палас, Џејсон Панчон, капитенот на „орлите“, и стоперот Скот Дан ја завршија сезоната откако се здобија со тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото.

Интересно е тоа што двајцата фудбалери се повредени на натпреварот против Манчестер сити во неделата (0-0), и тоа по прекршоците над Кевин де Бројне, офанзивниот играч на „граѓаните“.
И Дан и Панчон го повредија коленото, па за нив сезоната е завршена. Посебно е необично тоа што Панчон се повреди по тешкиот прекршок над Белгиецот, кога и едниот и другиот беа изнесени од теренот на носилки.
Тој прекршок го поттикна и Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, да повика на поголема заштита на играчите, како и на поинаков однос на судиите. Гвардиола може да биде среќен бидејќи Кевин де Бројне не се здоби со тешки последици, два дена подоцна играше на натпреварот против Ватфорд (3-1).

 

Најнови вести