Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Валдес се пензионира – го исполни ветувањето и „исчезна“

Виктор Валдес, поранешниот голман на Барселона, изјави дека одлучил да ја заврши фудбалската кариера.

По објавата за повлекувањето, Шпанецот ги избриша сите слики на „Инстаграм“ и го изгаси профилот на „Твитер“ и со тоа го одржа ветувањето дека по завршувањето на кариерата едноставно ќе исчезне.
„Ви благодарам за сè“, е последната реченица што ја напиша на профилот на “Твитер“, којшто набрзо потоа го избриша.
Валдес ваквиот потег го најави пред две години во интервју за колумбиската телевизија:
„Еден ден кога ќе го оставам фудбалот, ќе го напуштам и јавниот живот. Целта ми е целосно да му се посветам на семејството, на своите деца и да им покажам каков може да биде животот кога ќе ги исклучите сите фактори и мислењата на другите луѓе.“
Валдес го одржа ветувањето и на први јануари 2018 година ги обеси копачките на клин.
Кариерата ја почна во Ла Масија и боите на Барселона ги бранеше до 2014 година настапувајќи 387 пати.
Следуваше едногодишна пауза поради тешката повреда, па во 2015 направи трансфер во Манчестер јунајтед.
По една година го напушти „Олд Трафорд“ и потпиша за Стандард, а кариерата ја заврши во Мидлсборо.

Најнови вести