Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

ПСЖ го враќа неговиот тандем во Ла Лига

Гжегож Криховјак и Хесе Родригез, фудбалерите на ПСЖ, најверојатно ќе патуваат во Шпанија, пишуваат медиумите од Пиринејскиот Полуостров.

Двајцата ќе играат на заем во Севилја. Криховјак досега беше во Вест Бромич албион, а Родригез во Стоук.
Ниту едниот ниту другиот не се наиграа во Премиер лигата, но ниту пред тоа во Лига 1. Криховјак две години играше за Севилја, од 2014 до 2016, а тамошните игри го препорачаа кај клубот од Париз.
И на двајцата вредноста им опадна по доаѓањето во Париз, а Пако Хемез, тренерот на Лас Палмас, изјави дека повеќе би сакал Родригез да остане и да потпише договор бидејќи шпанскиот офанзивен играч дел од сезоната помина и во клубот од неговиот роден крај.

 

Најнови вести