Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

Торино го отпушти Михајловиќ

Синиша Михајловиќ веќе не е тренер на фудбалскиот клуб Торино, пренесоа италијанските медиуми.

Челниците на клубот одлучиле да му врачат отказ на српскиот тренер бидејќи биле незадоволни од резултатите.
Капката која ја прели чашата беше поразот во четврт-финалето на Купот на Италија од Јувентус, по што беше закажан состанок на двете страни.
Како што пренесуваат медиумите, на Михајловиќ на состанокот му било соопштено дека веќе не е тренер на „биковите“ и дека клубот тргнува во потрага за нов тренер.
Управата на клубот била незадоволна од партиите на Торино, кој во Серија А се наоѓа дури на десеттото место со 25 бода од 19 одиграни натпревари.
Како можна замена се наведува поранешниот тренер на Наполи, Валтер Мацари.

Најнови вести