Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2018

Салах најдобар фудбалер на Африка во 2017 година

Мохамед Салах, крилниот фудбалер на Ливерпул и на репрезентацијата на Египет, е избран за најдобар играч на Африка во 2017 година.

Во борбата за вредното признание Салах доби повеќе гласови од соиграчот од англискиот тим, Сенегалецот Садио Мане и од напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг.
Салах минатото лето од Рома дојде на „Енфилд роуд“ и со одличните игри го одбележа есенскиот дел од сезоната.
Фудбалерот на Ливерпул е втор Египќанец кој е избран за најдобар фудбалер на Африка. Прв беше Махмуд Ел-Хатиб во далечната 1983 година.
Дваесет и петгодишниот Салах кариерата ја почна во Ел Мокавлун, потоа играше во Базел, Челзи, Фиорентина и Рома.
Оваа сезона во Премиер лигата постигна 17 голови и имаше пет асистенции.

Најнови вести