Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2018

Венгер суспендиран на три натпревари

Фудбалскиот сојуз на Англија го суспендира Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, на три натпревари поради непримерно однесување кон судиите.

Венгер го прифати обвинението на Сојузот дека неговото обраќање и однесување кон судиите било навредливо, па доби казна од три натпревари и е парично казнет со 40.000 фунти, односно малку повеќе од 45.000 евра.
Тренерот на „топчиите“ му беше лут на судијата Мајк Дин во неделата на 31-ви декември, во завршницата на натпреварот со Вест Бромич албион поради тоа што досуди пенал за домаќинот од  откако Калум Чемберс одигра со рака.
Вест Бромич потоа изедначи на 1-1 и освои бод на негов терен. Поради тоа, Венгер нема да ја предводи екипата во претстојниот дуел со Нотингам форест во третото коло на ФА купот, а потоа во првиот полуфинален натпревар од Лига купот против Челзи и во првенствениот натпревар против Борнмут.
Венгер пред неколку дена го критикуваше и судењето во градското дерби со Челзи (2-2), во коешто „сините“ поведоа од сомнителен пенал при резултат 0-0.

Најнови вести