Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2018

Модриќ призна затајување данок

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ призна затајување данок на шпанските власти и ќе плати 870.728 евра, пренесоа шпанските медиуми.

Капитенот на хрватската репрезентација беше обвинет дека ја оштетил Шпанија за наведениот износ со тоа што во Луксембург основал компанија за да го избегне плаќањето данок во 2013 и 2014 година на приходите од спонзорските договори.
Причината за ваквиот потег е тоа што во Луксембург данокот може да биде намален до 1%, а во Шпанија е најмалку 30 и расте до 51%.
Обвинителството ја истражува и сметката на Модриќ на островот Ман, сместен меѓу Република Ирска и Англија.
Хрватот е уште еден во низата фудбалери кои во Шпанија се обвинети за затајување данок после Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Радамел Фалкао, Алексис Санчес...

Најнови вести