Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2018

Лукас Моура пред трансфер во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е близу до реализација на трансферот на фудбалерот на ПСЖ Лукас Моура.

Француските медиуми известуваат дека двата клуба се блиску до договор за еден од поголемите трансфери во зимскиот преоден рок.
Трансферот ќе вреди 25 милиони фунти.
По доаѓањето на неговиот сонародник Нејмар и младата француска ѕвезда Килиан Мбапе во ПСЖ, Бразилецот нема голема минутажа и сака да го напушти клубот за да остане во конкуренција за настап за бразилската репрезентација на Светското првенство во Русија.
Според Канал Плус фудбалерот треба уште да ги договори личните услови пред да се официјализира трансферот.

 

Најнови вести